Грејната сезона ги врати старите проблеми. И годинава граѓаните дишат загаден воздух. Загадувањето не само што се чувствува туку и се гледа преку маглата што го покрива градот. Мерните станици покажуваат дека најалармантно е во Центар, Лисиче и Гази баба. Таму штетните ПМ-честички се неколку пати над дозволеното, а тоа сериозно влијае врз здравјето на луѓето, особено на повозрасните и на хронично болните, пренесува МРТ.
Граѓаните револтирани коментираат:
„Вака кога е магливо е навистина страшно, особено за нас во поодминати години, навистина пречи“.
„Не може да се дише, никој не знае што е проблемот, ќумур или дрва“.
„И порано беше загадено ама немаше мерни станици, знаеш какви магли имало пред 30 години“.
„Ние доаѓаме од лисиче, таму не можеш да дишеш, тука е така и така, ама во лисиче“.
Куќа без изолација што се загрева на дрва придонесува за загадување на воздухот, затоа еколошките здруженија бараат итни мерки од надлежните. Субвенционирање на енергетската ефикасност на домовите, како и финансиска помош за поставување фотоволтаици.
„Ќе имате домаќинства кои веќе не се загреваат со дрва, ѓубре или со што ќе најдат туку енергетско ефикасни домови што се загреваат на чисти извори на енергија, односно сонцето, нешто што го имаме во изобилство. Меѓутоа, политиките на државата и на локалната самоуправа мора да го овозможат тоа. Граѓаните не можат финансиски да го издржат овој товар. Потребен ни е фонд за енергетска ефикасност, фонд за животна средина кои ќе овозможат субвенционирање на вакви системи за домаќинствата“, изјави Елена Николовска – „Екосвест“.
Високо ниво на загаденост на воздухот има и во другите градови низ државата. Меѓу нив се Струмица и Кавадарци.
Проблемот со загадувањето трае со години, долгорочно решение нема. Сепак, последиците се загрижувачки. 20 п