Нова пратка од дваесет и шест илјади вакцини против сезонски грип пристигна во Словенија и веќе утре или најдоцна в понеделник ќе биде ставена во употреба низ здравствените установи во Македонија. Сите административни и документациски процедури се целосно завршени.
„Дваесет и шест илјади вакцини против грип минатата недела се пристигнати во Словенија, очекуваме утре, најдоцна в понеделник, да бидат во употреба во Македонија. Сите документациски работи се завршени, така што овие количини најдоцна од понеделник ќе бидат достапни“, изјави Клековски.
Во моментов сè уште има преостанати дози од првичната набавка, што овозможува сигурно и забрзано темпо на имунизацијата на населението.
„Стигнавме до приближно 20.000 вакцинирани во изминатиот период. Ќе биде извесна набавката и на другите 30.000 вакцини против грип. Очекувам утре или в понеделник да донесеме одлука дали дел од вакцините ќе го направиме достапен за неризичните групи бидејќи со крајната набавка на 30.000 вакцини ќе има 86.000 достапни вакцини. Досега никогаш повеќе од 80.000 не биле ставени на располагање, така што ќе направиме процена за одредени барања вакцини да бидат достапни и надвор од ризичните групи, приватно“, додаде Клековски.
