Обезбедени се дози од вакцината „Астра Зенека“ кои ќе бидат наменети за хронично болни новинари и медиумски работници и за оние над 45 години кои работат на терен или имаат чести студиски снимања.
Пријавувањето ќе се врши преку редакциите кои треба да достават список на електронската пошта: contact@ssnm.org.mk со испраќање на пополнет формулар.
Рокот за поднесување на формуларот е до утре до 16 часот.
За терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат дополнително исконтантирани.
Останатите новинари и медиумски работници кои не се опфатени во оваа група ќе бидат опфатени во втората фаза на вакцинација, која е најавена за крајот на април.