Главоболките заради „Северна“ продолжуваат. Налепниците со ознаката „NMK“ кои се облигарни заради Преспанскиот договор ќе бидат бесплатни за граѓаните, одлучи МВР денеска.
Налепниците на кои е „NMK“ наместо сегашното „MK“ МВР одлучи дека ќе бидат на нивни трошок, односно нема да бидат на товар на граѓаните.
Турканици и гужви освен за таблички има и лични документи, а новиот технички министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се заложи уште од првиот ден за решавање на овој проблем, а денеска соопшти дека активно се работи на овој процес. Тој најави од понеделник забрзување на постапката.
„Целта е да се забрза процесот на вадење лични документи“: Тошковски на средба со Алиу
Претходно, Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистарски таблички и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „НМК“. Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.