Бои и украси кои ја будат позитивната енергија

За време на новогодишните празници, Фенг шуи советува да создадете топла и среќна атмосфера во домот со внимателно избрани бои и украси. Комбинацијата на црвени и златни свеќи, сијалички и новогодишни декорации помага да се привлече позитивна енергија и хармонија.

За вистински баланс, внесете елементи од метал и вода, бела, сина, сива и сребрена кои ја смируваат и стабилизираат енергијата во просторот. Сепак, црвената боја треба да се користи умерено. Иако е боја на среќата, ако се претерува, може да ја подигне енергијата до ниво на бес.

Правилна позиција на елката и свеќите

Новогодишната елка најдобро е да се постави на исток, југ или југоисток, бидејќи овие позиции привлекуваат здравје, слава и пари. Свеќите во домот ја одржуваат енергијата свежа, а посебен ефект имаат оние од пчелин восок или соја, кои ја прочистуваат енергијата и ја засилуваат позитивната атмосфера.

Со овие едноставни правила на Фенг шуи, вашиот дом ќе стане простор на хармонија, среќа и благосостојба за новата година.