Дали производителите ќе ги намалат цените за 10 отсто како што определи Владата? Над 800 производи во 36 маркети, ќе бидат со пониски цени, како дел од новогодишната кошница. Но, на терен дел од граѓаните жалат дека во малопродажба цените се драстично зголемени.

Пазарните инспектори, ги мониторираат сегашните цени на производите кои ги содржи акциската листа, заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена.

Агенцијата за храна и ветеринарство, пак, вчера излезе со информација дека ќе се проверуваат и новогодишните пакетчиња.

Во пресрет на иницијативата „Новогодишна кошничка“ пазарните инспектори ги следат тековните цени на производите вклучени во списокот на кампањата, покрај најниските цени на истите овие производи забележани во изминатите 30 дена. Иницијативата има за цел да ги намали цените на производите за 10 или повеќе проценти.

Во меѓувреме, статистиката бележи зголемување на трошоците на животот во категоријата храна и безалкохолни пијалоци во ноември во однос на октомври годинава за 2,1 отсто.