Обдукцискиот извештај за 14-годишната Вања Ѓорчевска се уште не е финализиран и доставен до обвинителството, потврдија од Обвинителството. Понатаму наведуваат дека има постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина.

Детали за анализите и истрагите што се спроведуваат не се откриваат во интерес на истрагата која е во тек.

„Во моментов се води истрага за дејствијата на сите инволвирани страни, при што секојдневно се собираат и споредуваат вербални и материјални докази. Јавното обвинителство апелира јавноста да не шири непроверени информации во текот на истрагата, бидејќи тоа може да и наштети на постапката и непотребно да ја вознемирува јавноста “, соопштија од Обвинителството.