Средствата се собрани преку концептот на хуманитарна активност за 2021 година во кој ИТ компаниите донираа средства за секој изминат зелен километар (физички активности како пешачење, трчање и возење велосипед) од страна на нивните вработени.

Како што информира СОС Детско село, донаторскиот проект „IT 4 Charity – 2021“ успешно заврши и го подржаа 15 ИТ компании и 528 вработени. Оттаму посочуваат дека поминати се 60.906,58 километри пеш, извозени се 13.973,69 километри со велосипед, а заштедени се 1.946,89 јаглероден диоксид.

-Горди сме на овие 15 ИТ компании, кои помогнаа во остварување на мисијата на СОС Детско село. Топол дом и грижа за секое дете, соопшти СОС Детско село.