Новинарот Саше Димовски, кој важи за добар познавач на судството, синоќа во емисијата “Заспиј ако можеш“, кажа дека во неговиот дом на 2 јуни бил направен упад и од него се изнесени компјутери, документи и пари.
– Се што можеле однеле и другите работи се превртени за да изгледа како кражба. Се е пријавено. Дојде полиција и нивната теза е дека веројатно некои наркомани. Таму се земени податоци и многу работи кои се работени во „Сведок“ од 2016-та година, тоа се цели 5 години скоро, почнувајќи од фотографии, документи, податоци за уплати, исплати, даночни биланси, се што има како хартии, одземени се до печати до пликоа со разни документи. Веројатно знаеле што барале, рече новинарот Димовски.
Новинарот Димовски прв ја отвори темата за тоа дека Цветанка Иванова се подготвува да стане Уставен судија, чие име до последен момент се криеше од јавноста.