Обилните снежни врнежи ја зафатија Велика Британија. Повеќе од 2.500 потрошувачи останаа без електрична енергија, а автопатите се блокирани, соопштија властите.
Некои возачи рекоа дека биле завејани поради снегот и дека наместо пет часа колку што вообичаено им треба за да стигнат до посакуваната дестинација, поради снегот тие патувале 19 часа.
Противпожарната и спасувачката служба на Камбрија соопшти дека работела во текот на ноќта за да ги извлечат возачите од автомобилите заглавени во длабок снег.