Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за долгови доспеани до 31 август и неплатени до 30 ноември годинава
Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2023 изнесува 9.057.552.829 денари, (помалку за 9.536.125 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.850.083.544денари, (помалку за 50.205.117 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 207.469.285 денари (повеќе за 40.668.992 денари од претходната листа).
Листата прочитајте ја тука.