Музичката ѕвезда Тејлор Свифт е видно вознемирена по појавувањето на фотографии во јавноста од нејзината венчавка со американскиот фудбалер Тревис Келси. И покрај тоа што брачната двојка презела ригорозни безбедносни протоколи со цел свеченоста да остане целосно тајна, материјалите сепак протекоа во медиумите, по што таа започнала потрага по одговорното лице.

Фотографиите, кои британскиот весник „Дејли мејл“ ги објави кон крајот на октомври, биле направени за време на свадбената церемонија одржана на 3 јули во арената „Медисон сквер гарден“ во Њујорк. За потребите на настанот биле ангажирани специјални безбедносни служби, а сите присутни гости и технички персонал добиле строги предупредувања да не споделуваат никакви детали.

Блиски извори до пејачката наведуваат дека сомнежите се насочени кон лицата ангажирани во објектот или кон членовите на техничкиот продукциски тим.

„Многу е напната. Се сомнева дека некој што работи во ‘Медисон сквер гарден’ или во продукцијата ги проследил фотографиите. Тејлор сака да дознае што се случило и затоа на сите им поставува прашања“, открива извор за списанието „Стар“.

Пејачката во моментов самостојно се обидува да расчисти како дошло до протекувањето на снимките, но таквата истрага почнала да внесува напнатост и недоверба дури и во кругот на нејзините најблиски пријатели.

„Тоа доведува до непријатни ситуации, дури и меѓу нејзините пријатели“, вели истиот извор.

Во случај потрагата да остане без резултат, изведувачката не исклучува можност да вклучи професионални истражители кои ќе го лоцираат изворот на информациите.

„Не ја исклучува можноста да ангажира приватни детективи ако тоа биде потребно за да открие кој ја предал“, посочува изворот.