Најголем дел од огласите или вкупно 33, се и во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“, потоа следи ООУ „Димитра Влахов“ со 19 огласи. Огласите се објавени за до вчера или денеска.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека согласностите за вработување во штипските училишта се добиени пред да стапи тој на функцијата односно ги добиле од претходниот градоначалник.
– Директорите на образовните институции се уште од минатата локална власт и се уште немаме поставено нови директори на тие институции. Она што јас го имам како информација потребата за распишување огласи ја имаат добиено, како согласност од претходниот градоначалник. Што значи дека овде јас немам можност да реагирам, ниту да влијаам на овој процес. Единствено што можам да порачам е и да ги охрабрам сите наши сограѓани, што ги исполнуваат условите да се пријават на огласите, вели Јорданов.
Посочува дека во тек се разговори со раководствата на училиштата, онаму каде што ќе утврдат аномалии, неисполнителност, неодговорност ќе направат замена. Инаку, на директорите на основните и средни училишта мандатите им завршуваат на почетокот на 2022 година или на крајот на учебната 2021-2022 година. Новата локална власт на последната седница на Советот на Општина Штип ги разреши старите и именува нови членови во Управните одбори на сите училишта.