До сабота ќе преовладува променливо облачно време, а утре ќе има појава на локален дожд. Утре и во петок долж Повардарието ќе дува засилен северозападен ветер.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот температурата значително ќе се намали.
В недела се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег.
Следните денови минималната температура ќе се движи од – 6 до пет степени, а максималната од шест до 14 степени.