Во Македонија денеска ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на температурата.