Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од осум до 16, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени,

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд.