Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремен дожд и појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, со електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Особено пообилни врнежи ќе има од четврток кон деновите од викендот.