Уште еден патнички вагон од серијата Bm наскоро повторно ќе биде ставен во функција во железничкиот сообраќај низ земјата. Ова следува откако стручните тимови на Македонски железници – Транспорт успешно ги завршија сервисните интервенции на возилото.

Информацијата ја објави министерот за транспорт Александар Николоски, кој нагласи дека се спроведуваат постојани чекори за подобрување на возниот парк и зајакнување на капацитетите на железницата.

Сервисираниот вагон содржи вкупно 11 патнички купеа со вкупен капацитет од 66 седишта, а проектот овозможува развивање на максимална брзина до 160 километри на час.

Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници

Оваа активност е дел од поширокиот план за рехабилитација и постепено зголемување на техничката исправност на патничките композиции со кои располага државниот железнички превозник.