– На 10 или 11 февруари, осомничениот 35-годишен жител на селото Долна Бањица, влегол во дворот на една куќа во селото и од гаражата одзел агрегат, бренер со плинска боца и моторцикл, нанесувајќи вкупна материјална штета од околу 45.000 денари на сопственикот. Веднаш потоа го напуштил местото, информира Јавното обвинителство.
Обвинение за тешка кражба во Долна Бањица
О
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „тешка кражба“.
