На судењето тој рекол дека откако бил известен дека нема правно регуларен допис, таквата техничка грешка била поправена со доставување на нов диспозитив по кој треба сега да се постапува, известува Експрес.

Во пропратното писмо од Вишото јавно обвинителсто до Апелациониот суд Скопје со ознака КОЖ бр.1199/24 од 17.10.2024 година со приемен печат на Апелациониот суд Скопје, со предмет: враќање на списи, ваш КЖ 597/24, стои:

Во врска со закажаната главна расправа на 28.10.2024 година, оформен против обвинетите Сашо Давитковски и др, по направениот увид Ви се враќа со писмено дополнување во однос на промена на правната квалификација согласно измените на Кривичниот закон – сл.весник на РС Македонија бр.188 од 07.09.2023 година со измена на диспозитив на обвинителен акт, кој заради економичност на постапката пред одржување на главната расправа да им се достави на обвинетите и одбраната.

Во доставениот диспозитив, на последната страница постои оригинален печат на Вишото јавно обвинителство без потпис, но пропратното писмо со кое се доставува диспозитивот е потпишан од Јавниот обвинител Јован Цветановски и со печат на Вишото јавно обвинителство.

Сега и судии од апелација кои вчера брифираа за скандалот, но и обвинители го поставуваат прашањето, кој го известил обвинителот дека нема правно регуларен допис, кога во списите од предметот не постои такво известување од Апелациониот суд Скопје?

Во списите од предметот, постои допис КОЖ бр.1199/24 од 18.10.2024 година, БЕЗ ПРИЕМЕН ПЕЧАТ на Апелациониот суд Скопје, со предмет: враќање на списи, ваш КЖ 597/24 во кој стои: – во прилог на писмото ви се доставува изменет диспозитив на обвинителен акт, доставениот од 17.10.2024 година се повлекува бидејќи истиот е нецелосен и технички неисправен и истиот пред одржување на главната расправа да им се достави на обвинетите и одбраната.

Ако нерегуларноста на првиот допис од 17.10.2024 се однесува на отсуство на негов потпис на диспозитивот, зошто истиот текст на диспозитив на обвинение не го вратил потпишан, туку доставил нов на 18.10.2024 година, комплетно изменет текст на диспозитив, со нови дејствија дејствија на извршување, нови одредби од Законот за трговски друштва и комплетно променети околности од претходно доставениот?

Прашањето кое сега мора да го одговори јавниот обвинител Цветановски, доколку неговите истакнати наводи на главната расправа се точни и утврдил дека некој без негово овластување и негов потпис доставил обвинение во негово име со печат на Вишото јавно обвинителство, за предмет кој е кај него распределен, дали некаде го пријавил овој настан, односно дали за тоа писмено го известил Вишиот јавен обвинител.

Со оглед на скандалозната состојба на работите во случајот, за упатени судии и обвинители постои сомнеж за сторено кривично дело Фалсификување на исправа од Кривичниот законик или друго потешко дело.