Јавен обвинител на терен во Батинци

По трагичниот инцидент што денеска се случи на влезот во скопското село Батинци, дежурен јавен обвинител изврши увид на местото на настанот. Од Основното јавно обвинителство информираат дека веднаш биле издадени наредби и насоки за прибирање докази со цел целосно расчистување на случајот.

Сите детали за случајот прочитајте ги од веста во продолжение.

ПОЗНАТИ СЕ ДЕТАЛИТЕ: Во пукањето во Батинци убиен е припадник на АРМ

Сторителот е идентификуван, но се наоѓа во бегство

Според официјалните информации, сторителот е веќе идентификуван, но во моментот се наоѓа во бегство и по него интензивно се трага. Полицијата е ангажирана во потрага по лицето, додека обвинителството продолжува со истражните дејствија.

Настанот, при кој беше застрелан и убиен припадник на Армијата на Северна Македонија, ја потресе јавноста, а надлежните институции најавуваат целосно расветлување на случајот.

Извор: Скопје1