Градежништвото има раст за 30 процени во делот на издадени одобренија за градење, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање. Тоа што посебно не охрабрува, кажа тој,  е и вредноста на работите коишто ќе се реализираат во градежништвото

Економијата е еден од главните приоритети на оваа влада. Како дел од економијата и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете последните параметри ќе дојдете до заклучок дека градежништвото расте со стапка поголема од 30% по делот на издадени одобренија за градење, но исто така она која што нас посебно не охрабрува е и вредноста на работите коишто ќе се реализираат во градежништвото, која што исто така е над 30% споредено со истиот период од минатата година. Еден од двигателите на економскиот развој е градежништвото и очекувам да има сериозно позитивен импакт, сериозно позитивно влијание врз растот на бруто домашниот производ на државата, изјави Мицкоски.