Во понеделник наутро ќе штрајкуваат  грчките царински службеници на граничните премини. За ова известување стигна од нашето Министерсто за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција. Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети, стои во соопштението на МВР.