Денеска опозицискот портпарол Наум Стоилковски објави дека чест добитник на јавните набавки и тендери од градот е компанијата Армор Плус чиј сопственик Димитар Петрески е сопруг на сестрата на секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ.

Од администрацијата пак се правдаат, велат тендери на оваа фирма се делеле и порано.

Во соопштението се реагира на обвинувањат ана партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој денеска рече дека градските тендери вредни десет милиони денари завршувале кај фирмата „Армор плус“ на зетот на секретарката на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, Димитар Петрески.

-Наведената фирма во денешната нивна прес-конференција е специјализирана за набавка на ХТЗ опрема за што потврдуваат и набавките на Град Скопје и пред доаѓањето на оваа администрација. Во прилог доставуваме и објави каде што јасно се гледа дека наведената фирма склучувала договори и во поголеми износи пред доаѓањето на актуелната градска администрација, се наведува во соопштението на Градот Скопје.

Во него се додава дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со бројните проекти кои сега се прават во градот какви што се воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз, изградба и реконструкција на булеварите, целосно исчистениот кеј на Вардар, новиот стационар за бездомни животни Лајка, развиената мрежа на велосипедски патеки, ослободени јавни површини, рекордите во ново градско зеленило.

-Не можејќи да се помири со тоа ВМРО-ДПМНЕ измислува лаги, потенцираат од Градот Скопје.