Навивачите на АЕК се најдоа во центарот на вниманието откако на натпреварот од второто коло во Лига Европа против Ајакс, во четвртокот на трибините раширија транспарент на кој пишуваше „Косово е Албанија“.

Клубот се огласи со соопштение и најави жестоки казни за навивачите. АЕК се огради од пораката на своите навивачи и, како што се наведува, нивните политички ставови.

„АЕК го изразува своето згрозување и недвосмислено го осудува истакнувањето на овој транспарент, дури и на неколку секунди. Станува збор за крајно националистичка содржина за која нема место на нашиот стадион. Тој транспарент нема апсолутно никаква поврзаност со нашето историско потекло, ниту е поврзан на кој било начин со нашиот клуб, ниту пак го поддржуваме“, се вели во соопштението на АЕК.

„АЕК нема што да докажува, бидејќи тоа го направи на дело на начин што не може да се оспори и со иницијативи што ниту една друга група не ги презеде против војната. По повод овој конкретен инцидент, ние во АЕК нема мирно да стоиме. Веќе покренавме акции против злосторниците. Не сакаме една слика да биде огледало на сите наши фанови кои исто така не го одобруваат она што се појави на трибините. Затоа оние што го истакнаа транспарентот засекогаш ќе бидат избркани од стадионот“, заклучува АЕК.