Од четврток до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел од земјава ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Дневната температура на места ќе надминува 40 степени.

И во Скопското подрачје дневната температура во овие денови ќе биде околу 40 степени, информираат од УХМР.