Мерката ќе остане во сила до крајот на јануари, кога ќе биде преразгледана.
Баузер ги отфрли критиките дека избрзува и ги повика жителите на Вашингтон да се вакцинираат и да ги ограничат своите физички контакти за време на празниците. Таа најави и дека ќе прогласи вонредна состојба во градот.
Бројот на случаи на коронавирус во Вашингтон, во меѓувреме, повторно се зголеми, има голем раст на новозаразени со новата варијанта омикрон. Епидемиолошката ситуација во САД се влошува со појавата на новиот сој – тоа е веќе доминантна варијанта на коронавирусот во земјата, со 73,2 отсто од новите случаи во неделата до 18 декември. Првиот смртен случај по инфекцијата со новата варијанта на коронавирус веќе е пријавен во САД – во округот Харис, Тексас.