Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста, пристигна од Музејот на вода во Охрид.
Нуркачкиот центар „Амфора“, заедно со дел од специјалната единица „Тигар“, нуркајќи во Заливот на коските, ја одбележаа 35-годишнината од независноста на Македонија под водите на Охридското Езеро.
Во длабочините на езерото тие го развеаја државното знаме, испраќајќи порака по повод големиот државен празник.
„Од длабочините на Охридското Езеро, под македонското знаме, ја одбележуваме 35-годишнината на Републиката со гордост. Нека ни е вечна и независна Македонија!“, порачаа од нуркачкиот центар „Амфора“.
