Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски присуствуваше на настанот „Отчет 2021 – 2025“, каде градоначалникот Максим Димитриевски го презентираше реализираното во неговиот мандат.

-Она што беше прикажано е најдобар доказ дека и покрај сите опструкции и блокади од претходната влада на СДСМ, кога има визија и одговорност, има и резултати. СДСМ со години го држеше Куманово и цела Македонија во заложништво: без развој, без инвестиции, со корупција и криминал како нивно единствено „постигнување“.

Денес, со силната поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со партнерството со Максим Димитриевски, Куманово влегува во нова етапа на развој. Градот конечно почнува да го добива тоа што со години му било ускратувано: вистински проекти, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите граѓани. Заедно ја поразивме СДСМ, заедно ќе изградиме силно и модерно Куманово, вели Петрушевски.