Бројот на заболени во светот од корона надмина 181 милион, покажуваат денешните податоци на сајтот „ворлдометерс.инфо“.
Во исто време, повеќе од 3,92 милиони заболени од вирусот починале, а 165,6 милиони луѓе официјално се опоравиле.
Во светот има 11.450.107 активни случаи, а 11.369.406 (99,3 проценти) луѓе имаат лесна или умерена форма на болеста, додека 80.701 лице (0,7 проценти) се во сериозна состојба.
Од почетокот на пандемијата, во САД има најмногу заболени – 34,4 милиони, следени од Индија со 30,1 и Бразил со 18,3 милиони.
Најмногу жртви имаат Соединетите држави – 618.957, следени од Бразил со 511.142, потоа Индија со 394.524.