Македонската јавност не знае многу за екстрадираниот Бесим Красниќи кој од утрово е во главниот град на Македонија. 44 годишниот Бесим Красниќи утрово е екстрадиран од Косово во Македонија, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
„Страв и трепет во скопско“
Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи биле уапсени во Урошевац. Станува збор за луѓе од кондовската група која долго време беше страв и трепет во скопско.
Треба да одлежи 28 години во затвор
Бесим Красниќи се бара за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, а Фадиљ Точи треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични дела.
Обвинет за повеќе дела
Разбојништво, загрозување општа безбедност и тероризам се само дел од делата по кои е препознатлив Красниќи, лице кое е познато на органите на прогонот.
Тој подолг период се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје. Прчината беше издржување на казна затвор за сторени неколку кривични дела. Во ваквите дела спаѓаат: разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.
Спроведен е во Идризово
Бесим Красниќи утрово е екстрадиран во Македонија, а тој е спроведен во Казнено поправна установа „Идризово“.