Најголем добитник на изборите може да се смета партијата „Има таков народ“ на Слави Трифанов кој стана втора полтичка сила кај источниот сосед. Тој веднаш по прогласувањето на изборите рече дека нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов и поради тоа речиси е невозможно да се формира влада во следниот период.

Трифонов еден од најпознатите шоумени во Бугарија и на 54 години реши да влезе во политиката и формираше партија која стекна голема популарност.

Слави важи за радикален политичар кој за Македонците вели дека се Бугари и прашува зошто земаме бугарски пасоши ако ги нарекувме „Татари и Цигани“.

– Ако Македонците не прифатат дека имаат бугарски корени нема влез во ЕУ, вели тој и додава. Тоа е најдобриот предлог. Или ќе го прифатите или нема ЕУ-велеше Слави.