Општина Ѓорче Петров е целосно подготвена за најавените снежни врнежи. Општинските власти располагаат со сопствена механизација и со доволни залихи на сол за ефикасно зимско одржување на сите сообраќајници и улици.

„Дополнително имаме и склучен договор за ангажирање дополнителна механизација доколку има пообилни врнежи и поголеми снежни наноси. Подготвени сме навреме да интервенираме за улиците да останат проодни и сообраќајот да се одвива безбедно“, вели Стојкоски.