Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.
Според АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и на ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути до 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подлги задржувања.