Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да се направи и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација.
Од Министерството за здравство уверуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Бројот на новозаболени од Ковид-19 вчера го продолжи трендот на двоцифрени резултати. Нови 37 случаи беа регистрирани, а најголем дел од нив се во Тетово и Скопје.