Оваа група наставници е ставена во прироритетната листа за имунизација, на барање на синдикатот, имајќи предвид дека испитите ќе се полагаат со физичко присуство на учениците и наставниците, но и дека е потребно барем еден месец за стекнување на имунитет.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) пред две недлеи ургираше во Министерството за образование под итно да биде составена приоритетна листа за сите наставници кои ќе бидат ангажирани во јунското полагање на матирата и испитите.

Наставниците кои нема да бидат ангажирани со јунските испити со физичко присуство веројатно ќе бидат оставени во групата за масовна имунизација преку пријавите на сајтот вакцинација.мк или преку матичните лекари.