Поради започнување со градежни работи на објект: Поставување на заштитна звучна ограда покрај населено место Куманово, од утре на трасата на која ќе се изведуваат градежните работи ќе има времен режим на сообраќај, известуваат од страна на фирмата изведувач ДГПТУ „Битем“ ДООЕЛ Скопје согласно склучениот Договор со договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта.

Согласно Одобрението за измена на режимот на сообраќај издадено од страна на Министерство за транспорт и врски, ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација по должината на автопатот покрај населеното Куманово.