Доцна синоќа околу 23 часот, имало пукање на булеварот „Илинден“ во Тетово. Случајот во полиција го пријавил извесен М.Т. од Тетово кој во пријавата навел дека во неговата куќа било пукано од возило во движење.
Засега нема информации за повредени лица.
„Во 22:45 часот М.Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. Досега нема пријава за повредени лица“,информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.