Според директорот на Здравствениот дом од Кичево Д-р Џабир Бајрами, сите 500 вакцини на Астра Зенека што биле испорачани во Кичево ќе бидат потрошени во првите десет работни дена, со динамика од 50 вакцини во еден ден. Имунизацијата ќе се спроведе во новата тријажна амбуланта, која првпат ќе ги прими своите пациенти.
-Поради неможноста од пријавување во„ Мој термин“ за нашите сограѓани на возраст над 77 годишна возраст имунизацијата ќе започне во петок на 2 април. Според нашите проекции, очекуваме секојдневно да вакцинираме по 50 наши постари сограѓани или првата количина на вакцини на Астра Зенека да ја потрошиме за 10 работни дена. Добивме неофицијална информација дека во „Мој термин“ за еден ден се пополнети сите 500 места за вакцинација во нашиот град. Екипи составени од шест обучени сестри и чевторица лекари, очекуваме успешно да ја спроведат целокупната операција, подвлече Бајрами.
Тој потврди дека продолжува секојдневниот пораст на новозаболени од Ковид-19 а денешната бројка од 25 новозаболени е најдобар показател дека се влошува здравствената состојба поврзана со Ковид-19 во Кичево.
-Во нашиот град како и во целата наша земја имаме рапидно зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19. Причина за наглиот скок на новозаболени е вирулентноста на британскиот сој кој е најдоминантен и во нашата земја.Со денешните 25 новозаболени ја преминавме границата од 2000 вкупно инфицирани во нашата општина, а поради забрзаниот дневен пораст се зголемува и бројот на активни случаи кој денес изнесува 178 лица, додаде Бајрами.