Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со појава на грмежи, извести УХМР.

Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат.

Температурата ќе се движи од 9 степени во Тетово до 26 степени во Гевгелија.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на грмежи.

Температурата ќе стигне до 24 степени Целзиусови.

Во наредните денови, под влијание на влажната и нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.