Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, кој е заштитено културно наследство, бил ограбен и вандализиран од непознати сторители, при што биле ископани посмртни останки и украден оловен лим од централната манастирска црква.
Според пријавата од Кумановско-Осоговската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во текот на март, непознати лица насилно влегле во манастирот, користејќи физичка сила и погоден алат.
Манастирот во Матејче повторно на мета – вандализам и материјална штета
Според првичните информации, сторителите копале подот на манастирската црква, при што биле извадени посмртни останки.
„Воедно, од црквата бил одземен дел од оловниот покрив, што претставува дополнителна материјална штета врз овој значаен верски и културен објект.“
По пријавата, увид на терен извршиле надлежен јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.
Напад врз македонското културно наследство – истрагата во тек
Надлежните служби спроведуваат истрага за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ е еден од најзначајните културно-историски споменици во Македонија, со богата духовна и уметничка вредност, а неговото уништување претставува тежок удар врз македонското културно наследство.
„Оваа вандалска постапка не само што предизвикува материјална штета, туку е и напад врз македонското културно наследство.“
Извор: Скопјеинфо