Имено холандскиот туроператор „Корендон“ преку кој на охридско-струшкото крајбрежје доаѓаа најголемиот број туристи од таа земја ги откажа аранжманите за летната туристичка сезона. Слично постапија туроператори од Белгија, Турција и други земји поради што очекувањата за шпицот на сезоната се далеку поскромни од предвиденото, објави Охридњус.

Иако за 19 јули е најавено доаѓање на холандски туристи преку друг тур-оператор, бројот на гостите ќе биде минимален споредено со периодот пред коронакризата.

Во моментов од Полска има два чартер лета неделно, но по одлуката на тамошните власти за воведување на карантин при враќање дома состојбата се усложнува. Македонските туроператори сметаат дека сето ова е резултат на задоцнетата комуникација и координација на инстититуциите со најзначајните туроператори од странство.