Во меѓувреме тие треба да престанат да работат и да заработуваат нелегални пари. Станува збор за приходи кои, кај некои плажи во поширокото крајбрежје на езерото, се мерат во милиони евра.
– На пример фирма-концесионер на плажа за период од четири години кога немала активен договор за концесија остварила приход од 190 милиони денари. Друга фирма која стопанисувала со плажа исто така без договор за концесија, за истиот период остварила приход од 59 милиони денари, изјави Константин Ѓеорѓиески-градоначалник на Охрид.
На прашањето зошто досега не било санкционирано ваквото богатење на диво, градоначалникот рече дека одговор требало да дадат надлежните институции за тоа, односно УЈП, Пазарната и Трудовата инспекција кои работат по налог на Скопје и имаат ингеренции за тоа. Инаку, од Општина Охрид во исчекување на конечниот извештај на УНЕСКО кој треба да биде објавен на 4 јуни, информираа дека е извесно оти регионот ќе се најде на листата на загрозени подрачја.
– Но, за разлика од 2019 година кога УНЕСКО го објави извештајот, објави и нацрт-одлука за ставање на регионот во опасност. Сега таква нацрт-одлука немаме и тоа можеме да го толкуваме како своевиден мал позитивен сигнал, изјави Константин Ѓеорѓиески-градоначалник на Охрид.
Во меѓувреме, онаму каде што акцијата за уривање на објектите на плажите е завршена, општината ќе постави канти за отпад и ќе обезбеди паркинзи. Посетителите ќе може овие плажи бесплатно да ги користат.