Околу енергетската криза, кратко по разговорот со неколку експерти, ви ги пренесувам неколку заклучоци.
Затоа што Васко Ковачевски уште есента ги испушти акумулациите за да им продава струја на фирми по багателни цени и затоа што се крадат милиони од РЕК Битола и функционира само еден блок и тоа нецелосно, Македонија ќе биде ставена во следната ситуација:
– Поради повлекување на огромни количини од европската мрежа, за целава зима МЕПСО ќе биде должен да плати околу 500 милиони евра (буџетски пари), на европската мрежа.
– За да се намали оваа огромна сума (која може да значи и банкрот на РМ), можно е да се воведат рестрикции.
-Фирмите, се надвор од математикава од погоре. Тие се на слободен пазар и ќе плаќаат сметки поголеми и до 200%, ова дефинитивно ќе предизвика ценовен шок, затоа што производствената цена значително ќе се зголеми, напиша Златев.
Околу 500 милиони евра ќе не чини неодговорноста на Васко Ковачевски од ЕСМ
О
Став околу енергетската криза на Љупчо Златев, новинар и главен и одговорен уредник на Радио Лидер.