Филмот кој од почетокот го следеа контроверзии, беше исклучително гледан иако имаше екстремно ниски оцени и лоши критики.
Веќе е снимено и продолжението, но главната полемика е околу нешто друго – дали главниот актер е геј или не.
Оваа дебата ја покрена самиот Мишел, кој на Инстаграм објави фотографија со колегата Сајмон Сусин.
На фотографијата позираат прегрнати, но всушност описот на фотографијата ги навел фановите да мислат дека актерот е геј.
Истата фотографија ја објавил и Сајмон, кој исто така ќе се појави во вториот дел од филмот „365 дни“.
Актерот во еден момент се огласил на Инстаграм, па напишал:
-Луѓето од мојот тим ми рекоа дека почнале да се појавуваат приказни за тоа дека сум геј, а сето тоа поради фотографијата која ја направивме со Сајмон. Тој ми стана многу близок пријател, како браќа сме. Филмот го снимаме заедно. Луѓе, тоа е само фотографија. Ништо повеќе. Патем, ја поддржувам ЛГБТИ заедницата, но, зборуваме за обична фотографија, не се декларирав како геј, напишал заводливиот актер.
View this post on Instagram