Најмалку 102 мигранти се удавија откако се преврте дрвен чамец, а осуммина беа спасени и вратени на брегот, изјави денеска Сада Мсехли, портпарол на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Три дена подоцна, најмалку 62 мигранта настрадаа во одделен инцидент.
Оваа година во Медитеранот се удавија околу 1.500 луѓе, а околу 31.500 беа пресретнати и вратени на брегот.
Либија е главната транзитна точка за сите кои од Африка сакаат да стигнат до Европа.
Трговците со луѓе превезуваат мигранти во преполни и лоши чамци, гумени или дрвени, кои често се превртуваат во Средоземното Море.
Мигрантите кои се враќаат на брегот се испраќаат во центри за притвор каде што се малтретирани, тепани, силувани, изгладнувани и принудени да работат.
ИОМ, агенција на ОН, соопшти дека насилството во либиските притворни центри може да се опише како злосторство против човештвото.