Револуционерен и дигитализиран пристап кон здравството доаѓа од Нов Зеланд. Организацијата „Ту Ора / www.tuora.org.nz“ која е основана од новозеландската влада, за да нуди примарна здравствена нега на етничката група „Маори“ успеа да имплементира модел со кој здравствените прегледи во најголем дел од случаите ќе се одвиваат онлајн.
Целата трансформација на услугите се случила за време на пандемијата со Ковид 19, кога оваа институција заедно во соработка со компанијата Aceso успеала да имплементира модел во кој дури 80% од прегледите од примарното здравство се одвивале целосно онлајн.
Софтверот кој се користел е базиран на Мајкрософт 365, преку кој преку камера се вршеле прегледи на пациентите од нивните матични лекари, без тие воопшто да треба да доаѓаат на преглед. Потоа, матичните лекари им давале терапија или упати за дополнителни лабораториски прегледи или прегледи од специјалист. Практично, целата примарна здравствена нега кај 80% од пациентите се одвивала онлајн и покажала одлични резултати.
Во исто време, благодарение на Мајкрософт 365, целосно се заштитени личните податоци на пациентите и не е можна никаква злоупотреба.
Ова е одлична шанса за дигитализација на здравството, значи дека ќе може да ве прегледаат преку телефонски повик, видео повик од вашиот телефон или од вашиот компјутер.
Со ваквиот пристап од една страна здравството се дигитализира, но и се професионализира, затоа што многу побрзо ќе успеете да стигнете до прегледот од вашиот доктор.
Претставници на “Ту Ора” неодамна беа во Македонија, тие изразуваат желба за соработка, па така истиот модел на онлајн прегледи од докторите да се применува и овде. Нешто што ќе ги испразни чекалните во примарното здравство!