Едно од најстарите училишта во Општина Аеродром ќе добие нов сјај. ООУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин добива 16 нови училници и 10 кабинети за предметна настава.
Ги завршуваме процедурите и наскоро започнуваме со доградба на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, кое што ќе добие дополнителни 16 училници и 10 кабинети по предметна настава. Со ова значително ќе се зголемат капацитетите за спроведување на воспитно-образовниот процес во едно од најстарите училишта во Аеродром, изградено уште во 1954 година. Станува збор за проект што е од исклучително значење за жителите од овој дел на Општина Аеродром, а ние и во иднина посветено ќе работиме на подобрување на условите во кои учат, растат и се развиваат нашите ученици, пишува Дејан Митески.
Во продолжение може да ја погледнете неговата објава.