Денеска (09.08.2025) во 03:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на бул.„Јане Сандански“ во Скопје било опожарено патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Х.(55) од Скопје.
Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.