Унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така, проговори за високата излезност од 37,98 проценти. Тој објави порака до гласачите на својот Фејсбук профил, нагласувајќи ја важноста од излегувањето да гласаат за безбедноста на земјата.
„Многу луѓе гласаат. Тоа значи едно: ако сакаме да ја заштитиме безбедноста на Унгарија, ниту еден патриот не треба да остане дома!“, рече премиерот.
